Павлески ги повика француските компании да инвестираат во Македонија

25

getImageThumbnailМинистерот за странски инвестиции, Бил Павлески вчера се обрати пред членовите на Француско-македонскиот форум при што ги презентираше предностите и погодностите на Македонија за странски вложувања.

На форумот насловен Франција како бизнис партнер во Македонија, во организација на Француската амбасада во Република Македонија, Павлески се обрати пред педесетина француски и македонски компании.

Тој истакна дека од особена важност е продлабочувањето и интензивирањето на досегашната економска соработка меѓу двете земји, како на меѓуинституционално ниво, така и во рамки на бизнис заедницата, со цел зголемување на трговската соработка, како и соработката во областа на инвестициите.

На Форумот свое излагање имаа и Лоренс Оер, амбасадорката на Република Франција во Република Македонија, Филипе Шатињо, директор на Регионалната канцеларија на Францускиот трезор и Јитка Пантучкова, претседател на Бордот на директори на Охридска Банка – групација Сосиете Женерал.

Своја презентација имаа и претставници на неколку француски компании кои дојдоа во Македонија за  да се запознаат со поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори.