PayPal добива нов извршен директор

63

Компанијата PayPal по неколкумесечна потрага по нов шеф објави дека го пронашла  Алекс Крис.

Крис доаѓа од позицијата извршен директор на Intuit, а од 27 септември ќе ја преземе улогата на претседател и главен извршен директор на PayPal.

Актуелниот извршен директор, Ден Шулман, во февруари објави дека ќе се повлече од функцијата.

PayPal доживува забавување на растот, а профитните маржи на компанијата се под притисок. Конкурентите како Apple Pay сè повеќе го преземаат пазарот.

Поранешен извршен директор на American Express, Шулман го водеше PayPal преку неговото одвојување од eBay во 2015 година. Под Шулман, PayPal беше на пат да биде едношалтерски систем и за е-трговија и за финансиски услуги. Компанијата потроши милијарди долари на аквизиции, насочени планови за проширување низ целиот свет и во еден момент се позиционираше како „супер апликација“ што ја користи приближно една десетина од светската популација.

Бумот на е-трговијаво времето на Ковид беше добра вест за PayPal, чии акции се зголемија во 2020 и 2021 година. Во јули 2021 година, компанијата достигна врвна пазарна капитализација од повеќе од 360 милијарди долари. По пандемијата, компанијата изгуби повеќе од 290 милијарди американски долари во пазарна капитализација и моментално се проценува на околу 70 милијарди долари.