PayPal го купува Pinterest за 40 милијарди долари?

51

PayPal Holdings Inc. е во преговори за купување на платформата Pinterest Inc. Преговорите сè уште се во рана фаза и не може да се постигне договор, предупредија неименувани извори запознаени со деталите од разговорите.

Пазарната вредност на Pinterest е околу 40 милијарди долари, пренесува Wall Street Journal. Според Techcrunch, PayPal е подготвен да плати 70 долари по акција на Pinterest, што би изнесувало вкупно 39 милијарди долари.

Од компанијата Pinterest не сакаа да ги коментираат вестите, а акциите на оваа компанија по вестите за преговорите пораснаа за околу 12 проценти, достигнувајќи нешто повеќе од 62 долари по акција.

Максималната вредност на акциите на Pinterest беше 89,90 долари.
PayPal, проценет на 308 милијарди долари, минатиот месец објави купување на јапонската платформа за одложено плаќање, Paidy, за 2,7 милијарди долари. Во ноември 2019 година, PayPal објави планови за купување на Honey Science Corporation за 4 милијарди долари.