PayPal ја заокружи аквизицијата на Honey Science за четири милијарди долари

5

PayPal објави дека ја заокружува аквизицијата на Honey Science Corporation во висина од околу четири милијарди долари.

На овој начин, корисниците на PayPal ќе имаат подобро искуство, а се очекува и зголемување на продажбата и ангажманот на трговците.

“Воодушевени сме со довршување на оваа трансакција и му посакуваме добредојде на тимот на Honey во семејството на PayPal“, изјави Ден Шулман, претседател и извршен директор на PayPal.

Инаку, Honey Science е компанија со седиште во Лос Анџелес, а развива алатки коишто на луѓето им помагаат да заштедат време и пари при купување на интернет. На почетокот беше додаток на пребарувачи, а денес прерасна во бесплатна алатка за помош при купување преку интернет.

Фото: Facebook