PayPal од денес и во Србија

20

A page from the PayPal website is seen in SingaporeГраѓаните на Србија од денес можат да отвораат налози на најголемиот онлајн сервис за праќање пари и плаќање преку Интернет, PayPal, јавува Танјуг.

Министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ во изјава за агенцијата потврдил дека Србија од денес е на листата земји во кои е достапен овој интернет сервис за плаќање.

Сервисот ќе се пушта во неколку фази, а засега е можно само купување и праќање пари. Следната фаза, која е значајна и за бизнисмените, е да се овозможи добивање пари од странство.

Заменик – министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска најави дека PayPal наскоро ќе дојде и во Македонија. Според неа Македонија е мал пазар и постои можност да се покрие преку Србија.