Pazar3.mk воведе нова функција за комуницирање – Pazar3 Chat

517

pazar 3

Светот се менува, времето поминува, секоја минута е ценета… Анализирајќи ги потребите на корисниците, Pazar3.mk воведе нова функција за комуницирање. Корисниците на веб сајтот можат да заштедат време и пари користејќи Pazar3 Chat и да разговараат во реално време! Најновата функција на Pazar3: Chat на корисниците им овозможува лесен, ефективен и брз начин на контактирање.

Сè што треба да направи корисникот е да се логира во приватната сметка или продавница. Со самото логирање станува online и сите огласи од продавницата се активираат со online статус. Заинтересираните купувачи можат да ги контактираат огласувачите во секое време.

Доколку сте заинтересирани за одреден оглас, испратете порака до огласувачот брзо и лесно. Кликнете на прозорчето за chat под насловот на огласот и пратете порака до огласувачот. Сега сте чекор поблиску до остварувањето на Вашите желби можеби за нов автомобил, куќа, стан и многу други работи…