Пазар3 слави 10 години постоење на македонскиот пазар

31

e228f5be-4ada-4192-b582-a0a0b312e8b5

Приказната на Пазар3 започнува 2006 година кога се пројави идеја да се креира веб сајт за онлајн тргување кој ќе ги соедини продавачите и купувачите на едно место и на тој начин ќе овозможи квалитетна трговија меѓу нив. Таа идеја се реализира на 07.07.2006 година кога веб страната официјално е пуштена во употреба. Пазар3 веќе 10 години верно им служи на своите корисници, подобрувајќи се од ден на ден и задоволувајќи ги нивните потреби. Бројот на огласувачи од ден на ден се повеќе се зголемува, со 70.000 посетители на ден и повеќе од 1.500 огласи дневно. Тоа е едно од признанијата за напорната работа и вложениот труд.

“Пазар3 секојдневно воведува новости со цел олеснување на неговото имплементирање во секојдневниот живот на корисниците. Со воведување на шопинг функцијата го развивме онлајн купувањето, каде што имате пристап до сите онлајн продавници на едно место. Како начин Вашиот оглас да стане повпечатлив и привлечен за корисниците, Ви нудиме екстра опции кои Ви овозможуваат побрза продажба. Пазар3 е во чекор со технологијата, па така одлучи да имплементира мобилна апликација која ќе овозможи огласување во било кое време и од било кое место. Најновата функција Пазар3 Чат Ви овозможува брз и лесен пристап до огласувачите во реално време.

Тука сме да ја прославиме десетката од нашето постоење. Критиките, позитивни и негативни, нè мотивираат на секојдневно усовршување на веб страната. Продолжуваме заедно да чекориме во виртуелниот свет, настојувајќи е-огласувањето да стане тенденција на сите граѓани. Се надеваме дека ќе ја задржиме Вашата доверба и во нашата понатамошна работа и заедно ќе прославуваме уште многу годишнини!”, стои во соопштението.