Најголемата светска криптовалута, биткоин, достигна пазарна капитализација од 900 милијарди долари за првпат од нејзиното основање, откако цената на оваа дигитална валута достигна ново рекордно ниво.
Откако во четвртокот достигна 48.481 долари, биткоинот го заклучи тргување на ниво од 47.932 долари, што е пораст од 6,9% на дневно ниво, пренесува Ројтерс.
Биткоинот во овој момент има 61% удел во вкупната пазарна капитализација на сите криптовалути, чија заедничка вредност е 1,46 илјади милијарди долари. Кумулативната пазарна капитализација на сите дигитални валути порасна за 88,5% од почетокот на годината.
Доколку се спореди пазарната капитализација на биткоинот со бруто домашниот производ, тогаш тој има големина како на Мексико, Холандија и Швајцарија.
Фото: Freepik