
Пазарниот удел на Форд во сегментот на лесни комерцијални возила во Европа надмина 17 проценти, објави компанијата.
Посебен придонес кон рекордните резултати на бизнисот на Форд Про во 2025 година дадоа моделите „transit“ и „transit custom“, кои станаа двата најпродавани комбиња во Европа, според Форд.
Во текот на минатата година, електрификацијата, како што е наведено, на целото семејство Транзит беше завршена, со почетокот на производството на сосема новиот модел E-Transit Courier во фабриката на Форд Отосан во Крајова, Романија.
Фото: Pixabay












