Пазарните инспектори во Република Српска постојано ги контролираат достапните продажни објекти поради утврдување дали има зголемување на цените на водата и останатите прехранбени и други продукти, а во контролите, заедно со нив, на терен се и инспекторите за храна и здравствени инспектори.
И во Федерацијата БиХ се следат движењата на цените. Федералната влада ги повика граѓаните да ги пријават сите случаи на незаконско и неосновано покачување на цените, а инспекциите во кантоните се должни веднаш да постапат по пријавите.
Казните за трговците кои нереално ќе ги покачуваат цените се од 1.500 до 4.000 евра.
Во Србија веќе се поднесени 83 пријави против трговци кои продавале продукти по значително повисоки цени. Од нив, 55% пријави се однесуваат на Град Белград и општините кои не се зафатени со поплави. Pressonline веќе пишуваше за случаи кога гумените чизми и флашираната вода се продаваат двојно поскапо од вообичаената цена.