Пазарот на криптовалути во зелено, по веста од JPMorgan

148

Најновите вести од светот на банкарството, дека JPMorgan влегува во светот на крипто -валутите нудејќи им на своите клиенти да инвестираат во еден од 6 -те крипто фондови, позитивно се одрази на пазарот за крипто -валути.

Според податоците на страницата Coindesk, најпознатата криптовалута во светот, биткоинот пораснал за 6,50% во изминатите 24 часа и во (13:00 часот) се тргува по цена од 40.603 долари.

Етереумот, забележа  раст од 5,01%, и  се тргува по цена од 2.751 долари.