Тројцата најбогати Французи загубија заедно 70 милијарди долари поради промените на пазарот на луксузни стоки
Нај големите француски милијардери Бернар Арно, Франсоаз Бетенкур Мејерс и Франсоа Пино изгубија околу 70 милијарди долари од своето богатство оваа година, бидејќи побарувачката за луксузни стоки опадна, а политичката нестабилност ја ограничи потрошувачката.
Компанијата LVMH (Хермес-Луј Витон) на Бернар Арно, козметичкиот гигант L’Oréal во сопственост на Бетенкур Мејерс и Kering под контрола на Пино се меѓу најголемите губитници на париската берза оваа година. Само акциите на Керинг, сопственик на брендот Гучи, од почетокот на годината паднале за цели 41 отсто, пренесува Блумберг.
Се очекуваше дека кинеските потрошувачи, водечките светски љубители на скапи и брендирани стоки, ќе бидат двигател на растот на продажбата во 2024 година, но овие предвидувања не се остварија, коментира Ариана Хајат, менаџер на фондови во финансиската групација Едмонд де Ротшилд.
Според неа, постои и одреден „луксузен замор“ на пазарот по три години исклучителен раст на побарувачката што започна за време на епидемијата на корона.
Кинеските купувачи потрошија помалку од предвиденото, а нестабилната политичка сцена во Франција го намали интересот на инвеститорите за имотот на земјата.
Продажбата на луксузни стоки и козметика порасна по пандемијата на коронавирус кога потрошувачите имаа повеќе пари за трошење по заклучувањето, но сега тој тренд е обратен.
Членот на инвестицискиот комитет на компанијата Кармињак, Кевин Тозе, верува дека почнувајќи од 2023 година, луксузниот сектор едноставно се „враќа во реалноста“ по неколку многу успешни години.