Пазарот на труд покус за 3.700 милијарди долари

60

Пандемијата во 2020 година го намали бројот на работни часови во светот за 8,8%, а доходот од работа за 3.700 милијарди долари, информира Меѓународната организација на трудот.

Изгубените 8,8% работни часови во однос на четвртото тримесечје од 2019 година, одговара на 255 милиони работни места со полно работно време. Бројката вклучува 144 милиони луѓе кои останале без работа и работници со скратено работно време поради мерките против пандемијата.

“Огромната загуба резултираше со пад на глобалниот доход за 8,3%, односно за 3.700 милијарди долари или 4,4% од глобалниот бруто домашен производ“, објаснуваат од меѓународната институција.

Пад на бројот на работни часови се очекува и оваа и следната година. Податоците покажуваат дека кризата најсилно ги погоди жените и помладите работници и тоа најмногу во секторите: сместување, прехранбени услуги, малопродажба и преработувачка индустрија. Финансискиот и секторот на информатички технологии забележаа раст во 2020 година.

Фото: Freepik