Сојузот на пчеларски организации во Србија следната година ќе почне со изградба на сопствен погон за пакување на мед во општина или град кои ќе понудат најголема помош околу изградбата, во инфраструктура или финансии, пишува еКапија.
Според претседателот на Сојузот на пчеларски организации на Србија, Родољуб Живановиќ, погонот ќе се гради со сопствени средства. Пчеларите планираат да изградат сопствена фабрика за пакување и пласман на мед за да не може никој да ги уценува. Како што вели Живановиќ, пчеларите се принудени да го продаваат медот по ниска цена, а годинава, поради временските прилики, беше исклучително лоша.