PeakBoil – шпорет за кампување што работи и при силни ветрови

53

Група студенти од ЕТХ Цирих дизајнираше уникатен шпорет за кампување којшто работи со заштита од ветер. Самата форма е така направена што го штити горниот дел од силните ветрови и му овозможува на уредот да работи со висока ефикасност, пишува NewAtlas.

PeakBoil шпоретот се вклопува во специјалниот бокал низ чие дно поминува гасна цевка којашто го напојува со гориво.Venturi млазниците кои се инкорпорирани во шпоретот користат локализирани диференцијали на притисок за да го “нахранат“ пламенот во комората за согорување, кој е заштитен од ветерот со високи страни и тесен оџак.

Раширените ѕидови на комората го зголемуваат количеството на контакт што го имаат со водата во котелот, и тие се толку тенки што е можно за да се поттикне пренос на топлина.

Оваа комплексна комора за согорување не може да се произведува со конвенционални техники, и е можно само благодарение на дополнителна обработка, во случајов со селективно ласерско топење кое се користи за спојување на метален прав со дебелина од 1/30 милиметри.

Прототип на PeakBoil шпоретот бил тестиран за време на скијачка турнеја на швајцарските Алпи и се покажал како одличен. За овој дизајн студентите добија и награда на натпреварот 3D Pioneers Challenge.

Фото: ETH Zurich