Pegasus именуван за најевтин нискобуџетен авиопревозник во Европа

21

pegasusТурскиот авиопревозник Pegasus е именуван за најевтин во Европа, во споредба со 20 нискобуџетни авиокомпании, според WhichAirline, интернет страница која прави споредби на нискобуџетните авиокомпании во светот.

Билетот на Pegasus во просек чини 63,19 евра, вклучувајќи ги сите давачки и таксата за багаж до 20 килограми, пренесува Хуријет.

На второ место со пресметани дополнителни давачки е Wizz Air (75,74 евра), а на трето Blue Air (82,45 евра). Ryanair е на четврто место со просечна цена од 83,45 евра. Инаку, без дополнителни давачки, кога се гледа само билетот, најевтин е ирскиот Ryanair, со цена од 58,45 евра.

Целата листа погледне ја тука.