Пекабеско ги намали цените на своите производи

91

Pekabesko logo (zelena boja)

Пекабеско ги намали цените на своите производи на сите продажни места во просек за 15%. Оваа акција ќе трае до 15 март годинава.

“Како компанија секогаш се трудиме да возвратиме на довербата и лојалноста која ни ја даваат потрошувачите, купувајќи ги производите на Пекабеско. Свесни сме дека околу новогодишните празници граѓаните имаа големи трошоци, па сметаме дека сега е вистинско време за оваа промотивна акција која покрај во нашата земја, ќе важи и за потрошувачите од Србија, Косово, Црна Гора и БиХ“, изјавија од Пекабеско.

Pekabesko_15% do 15 Мart

Ова е втор пат како компанијата организира ваква акција по новогодишните празници. Минатата година Пекабеско ги намали цените на своите производи за 10%.

Нашиот најголем производител во сувомесната индустрија го прошири својот производствен капацитет преку отворање на нов производствено – логистички центар кон крајот на 2012 година. Ова инвестиција беше вредна 13 милиони евра и придонесе за отворање на нови 100 работни места.

“Првата година по инвестицијата, производството се зголеми за 70%, а минатата година за дополнителни 40%. Затоа Пекабеско денес брои 430 вработени, а постојано сме отворени за нови вработувања“, велат од компанијата.

Изминатата 2014 година Пекабеско оствари рекорден извоз во висина од речиси 7 милиони евра.