Пекабеско оствари добивка од над 36 милиони денари за шест месеци

14

pekabesko

Акционерското друштво Пекабеско прикажа добивка од 36.025.000 денари во период од 01.01. до 30.06.2015 година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци лани, Пекабеско работеше со добивка од 38.315.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие изнесуваат 1.558.081.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 1.402.867.000 денари, додека остатокот од 155.214.000 денари се остварени на странски пазари.

Истиот период лани, вкупните приходи на компанијата се во висина од 1.316.826.000 денари.