Пекабеско прокнижи добивка од 76,6 милиони денари за девет месеци

36

pekabesko

Компанијата Пекабеско Ад Кадино во првите девет месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во вредност од 76.688.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата евидентираше добивка во висина од 71.152.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за овие девет месеци изнесуваат 2.493.923.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 2.216.628.000 денари, додека 277.295.000 денари на странски пазари.

Вкупни приходи од продажба на Пекабеско во истиот период лани достигнаа 2.188.792.000 денари.