Пекабеско за шест месеци оствари добивка од 41,8 милиони денари

90

Компанијата Пекабеско, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 54.949.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 41.851.000 денари.

“Пекабеско за периодот јануари – јуни 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех во износ од 54,9 милиони денари и истиот е повисок за 31% во споредба со претходната година“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба на крајот на јуни оваа година имаа салдо од 2.153.888.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 1.859.577.000 денари, а остатокот од 294.311.000 денари е реализиран на пазари во странство.

“Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари -јуни 2021 година изнесуваат 2.179,2 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 1%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2020 година бележат зголемување од 1%. Приходите од извоз изнесуваат 294 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 се на исто ниво“, стои во Образложението.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2021 година изнесуваат 11,2 милиони денари и кумулативно за 8,5 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 592 милиони денари.

Пекабеско АД за периодот јануари – јуни 2021 реализираше 27 нови вработувања, а 29 вработени го напуштија друштвото. Бројот на вработени на крај од вториот квартал изнесува 451.

Фото: Facebook