Пекинг годинава планира изградба на прва вселенска станица

108

Кинеската корпорација за вселенска наука и технологија (CASC) соопшти дека во 2021 година планира повеќе од 40 мисии на лансирања во вселената, а главен приоритет ќе биде изградба на првата кинеска вселенска станица.

Како што објавила Кинеската медиумска група (CMG), една од мисиите е Tianwen-1, првата кинеска сонда која е испратена кон Марс.

Сондата полета кон крајот на јули од центарот за лансирање Венчанг, на тропскиот остров Хајнан во јужна Кина и би требало да стигне до орбитата на Марс во февруари. Целта на мисијата е со помош на робот да ја анализира површината на црвената планета.

Фото: Pixabay