Пекинг на странци им нуди вакцинирање против коронавирус

95

Кинескиот главен град Пекинг почна на странци да им нуди вакцина против коронавирусот произведена во земјата, соопшти канцеларијата на градот за надворешни работи.

Странците без осигурување со поддршка од градот ќе платат околу 12 евра за две дози од вакцината, а оние кои имаат осигурување, вакцината ќе ја добијат бесплатно.

Градот не навел која вакцина ќе им се дава на странци, но наведуваат дека станува збор за вакцината со деактивиран коронавирус, којшто не може да ги зарази луѓето, но може да поттикне имунолошки одговор.

Од четири кинески вакцини што се одобрени, три се такви видови на вакцини. Два се од одделот на Кинеската национална фармацевтска група Sinopharm, а една од Sinovac Biotech.

Милиони дози што ги произведоа овие две компании се испорачани во странство или се донирани.

Фото: Pexels