Пекинг го претстави новиот пакет мерки со кои настојува да се справи со загадувањето на воздухот кој буквално ги гуши неговите жители. Мерките опфаќаат ограничување на бројот на возила на улиците и затворање или надоградба на погоните на 1.200 компании, јавува Ројтерс.
Властите во Пекинг веќе се обидоа на различни начини да стават крај на смогот кој го прекрива градот, од затворање на фабрики до голем проект за изградба на подземна железница, но без голем успех. Со најновите мерки планираат да го намалат уделот на опасни честички во воздухот на барем 25% до 2017 година.
Властите најавија дека на компаниите кои го прекршуваат законот за животна средина ќе им биде забрането да добиваат банкарски заеми и да собираат средства преку иницијални јавни понуди.