Пелистерка испрати 10 тони вода за поплавените подрачја во источна Македонија

43

pelisterka

Македонската компанија Пелистерка се приклучи кон повиците за испраќање помош и поддршка во загрозените региони во источна Македонија, каде што изминативе денови има големо невреме и поплави.

Имајќи предвид дека во вакви ситуации свежата вода за пиење е еден од најголемите недостатоци, производителот и дистрибутер испрати повеќе од 10 тони вода во загрозените подрачја. Станува збор за над 7.000 шишиња.

“Во соработка со Црвениот крст, Пелистерка дистрибуира флаширана вода за пиење до населението во загрозените региони. Водата е дистрибуирана до центрите на Црвен крст во Скопје, Штип, Кочани и Битола. Ситуацијата во источна Македонија ја следиме со огромна загриженост. Без размислување и резерви решивме да го испратиме овој конвој со свежа вода за пиење која, се надеваме, барем малку ќе им ја олесни состојбата и ќе им помогне на оние на кои што им е најпотребно“, велат од Пелистерка.