Пелистерка со добивка од 6,4 милиони денари во 2019 година

23

Компанијата за производство на пијалаци, минерална и друга флаширана вода, Пелистерка минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 6,4 милиони денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата беше на ниво од 4.817.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, достигнаа 370.977.000 денари. Поголемиот дел од 329.754.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 41.223.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Фото: Pixabay