Италијанската компанија за производство на луксузни инструменти за пишување Montegrappa во чест на 100-годишното постоење престави серија пенкала наречена Centennial Dragon, пишува Luxuo.
Серијата е ограничена, а во продажба ќе бидат пуштени само 100 примероци од коишто 33 со розово злато, 33 со жолто, 33 обложени со бело злато и едно специјално издание наречено Ultimate Centennial Dragon.
Истото ќе биде најексклузивно од сите, декорирано со златен змеј, бели и обоени дијаманти, рубини, бисери и со оглед на нивната висока цена, пенкалото ќе чини неверојатни милион долари. Останатите од серијата ќе се продаваат по цена од 225.000 долари. Во центарот на дизајнот на пенкалата е змејот којшто е препознатливо суштество од кинеската митологија.
Симболот на моќ и просперитет е изработен од 18-каратно злато, а оној што ќе го купи специјалното издание ќе добие и ВИП тура во фабриката каде се изработуваат пенкалата и ќе може да руча и вечера со членовите на бордот на Montegrappa.