Фото: Pixabay
Американскиот прехранбен гигант, PepsiCo ја презема јужноафриканската компанија Pioneer Foods за околу 1,7 милијарди долари, пренесува Prnewswire.
Јужноафриканската компанија е еден од најголемите производители и дистрибутери на повеќе брендови на храна и пијалаци, а во 2018 година прикажа вкупни приходи од 20,2 милијарди долари.
Од PepsiCo очекуваат ова преземање да им обезбеди сигурен пазар во подсахарска Африка, преку зголемување на производните капацитети и отворање нови продажни канали.