Американскиот прехранбен гигант PepsiCo има раст на приходите во 2020 година благодарение на зголемената продажба во маркетите во време на пандемија и го ублажи падот на побарувачката во угостителските објекти што се затворени поради рестриктивните мерки.
Приходите на PepsiCo пораснаа за 4,8% на 70,4 милијарди долари во 2020 година. Во последните три месеци од минатата година се зголемени за 8,8% на 22,46 милијарди долари.
Компанијата добро ја поднесе кризата што ја наметна пандемијата, бидејќи луѓето додека беа во карантин правеа залихи од храна и пијалаци, што беше соодветна компензација во однос на продажбата во рестораните.
Фото: Freepik