PepsiCo купува 100 електрични Semi камиони од Tesla

23

pepsi-734274_960_720

Фото: Pixabay

Американската компанија PepsiCo ќе купи 100 нови електрични Semi камиони од Tesla, јавува Reuters.  Ова е најголема порачка што досега ја направила некоја компанија откако беше претставен овој модел минатиот месец. Целта на производителот на храна и пијалаци е да ги намали штетните емисии како и трошоците за гориво.

Порачката на 100 камиони, од страна на PepsiCo, се приклучува кон останатите порачки од компаниите Wal Mart Stores, B. Hunt Transport Services и Sysco Corp.

PepsiCo планира да ги користи транспортните возилата за испорака на храна и пијалаци помеѓу производствените и дистрибутивните капацитети и директно до трговците на мало. Бројката на камиони што ги поседува PepsiCo изнесува приближно 10.000, а со новите електрични возила компанијата има за цел да ги намали штетните емисии од гасовите за 20% до 2030 година.

Досега од Tesla порачани се вкупно 267 камиони, а компанијата очекува моделите Semi да почнат да се поризведуваат најдоцна до 2019 година. Според основачот, Илон Маск, камионите ќе можат да поминат и до 800 километри со едно полнење.