PepsiCo со добивка од 1,7 милијарди долари за три месеци

62

Американскиот прехранбен гигант PepsiCo забележа раст на приходите и добивката во првото тримесечје, профитирајќи го натрупување на залихите на пијалаци и грицки во период на воведување карантин за време на пандемија.

Нето приходите во првиот квартал од оваа година, што заврши на 20-ти март, пораснаа за 6,8% во однос на истиот период лани, на 14,82 милијарди долари.

Нето добивката му е зголемена за скоро 28% на 1,71 милијарда долари.

Продажбата на грицки во рамки на неговиот огранок Frito Lay во Северна Америка во првото тримесечје порасна за 4%, а продажбата на газирани и други пијалаци во Северна Америка пораснаа за 5%.

Во вториот квартал, PepsiCo очекува забрзување на растот на приходите благодарение на повторното отворање на рестораните поради брзото вакцинирање на населението.

Фото: Pexels