Перењето пари ги поскапува недвижностите во градовите во Западен Балкан

74

Секторите на недвижнини и градежништво се користат за перење нелегални пари од трговија со дрога и трговија со мигранти на Западен Балкан, што доведува до пораст на цените на недвижностите, се вели во извештајот на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал.

Перењето пари преку градежништво и недвижнини “е популарно затоа што сè уште е релативно лесно и може да апсорбира големи количини на капитал“, се вели во извештајот.

Имотот може да биде место за складирање на значителен износ на капитал, потенцијално зголемување на вредноста и подобрување на квалитетот на животот на криминалците“, се вели во извештајот.

Претходните истражувања покажуваат дека инвестициите во градежништво и недвижнини “имаат долга историја на апсорбирање на нелегални приходи на Западен Балкан, имајќи предвид дека секторот е економски значаен и слабо регулиран“, пренесува Indikator.ba.

Многу пазари на недвижнини во регионот се искривени од перењето пари, бидејќи криминалците вештачки ги дигаат цените.

“Исто така, постои значителна трговија со дрога во регионот. Пред сè, Западен Балкан е главен транзитен регион за канабис, хероин, кокаин и синтетички дроги. И покрај значителните оперативни трошоци, организираниот криминал и нелегалната трговија со легална и нелегална стока несомнено генерираат милијарди евра секоја година во нелегални глобални финансиски текови што одат во странство, перат во локалните економии или се реинвестираат во други криминални активности“, се вели во извештајот.

Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, перењето пари сочинува околу 2,7% од глобалниот БДП или 1,6 трилиони долари. На Западен Балкан, секоја година се перат помеѓу 1,8 и 4,6 милијарди евра.

Фото: Pixabay