Фото: Kickstarter
Перницата Zero Gravity Upright Posture (ZGUP) го учи телото како правилно да се постави во седечка позиција.
Таа овозможува бестежинско седење, благодарение на својата ергономска форма што ги следи контурите на телото. Го ослободува стресот предизвикан од лошата поставеност, ја намалува болката во вратот, рамената и грбот.
Колку подолго се користи, толку повеќе телото ќе научи како правилно треба да се седи, а тоа придонесува да се зголемат енергијата и продуктивноста. Со рамномерно распоредување на тежината на телото, седењето во ниеден случај нема да претставува проблем.
Перницата има покривка што не дозволува потење и овозможува одлична вентилација. Zero Gravity Upright Posture има мемориска пена што нуди поголема удобност, ослободува од притисокот, овозможува поголема трајност, отпорна е на алергени, бактерии, мувла и слични штетници. Перницата може да се постави на столица, кревет, под…
Производот е поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде досега има собрано 199.467 долари од побараните 10.000 долари, а првите испораки се очекуваат во декември.