Персоналот на Turkish Airlines на тестирање за алкохол и употреба на дрога

36

Turkish_AirlinesТурскиот национален авиопревозник Turkish Airlines соопшти дека почна да спроведува тестови за алкохол и дрога на својот персонал кој работи на критични позиции, во согласност со процедурата која стапи на сила минатата година.

Компанијата почна да ги спроведува тестовите во февруари 2013 година, како дел од “процедурата за мониторинг на алкохол и психоактивни супстанции”, изјави вчера прес – службата, пренесува Хуријет.

“Критичните позиции се дефинирани од меѓународните воздухопловни организации и тие не се ограничени само на пилотите и кабинскиот екипаж. Опфатени се и диспечерите, одговорните за товар, оператори, техничари, координатори со операциите, шефови на контролори и луѓето задолжени за безбедноста”, стои во соопштението .

За една година ќе се тестира меѓу 10% и 25% од персоналот, по случаен избор преку компјутерска програма.

“Подготвени се тестови на здив за употреба на алкохол, тестови за плунка и урина за контрола за употреба на дрога. Тестови на коса ќе се прават во случај на сомневање дека постои зависност. Ако тестот е позитивен, ќе се спроведат дополнителни тестирања. Ако позитивниот тест е одобрен во лабораторија за анализа, лицето ќе биде испратено до дисциплински одбор”, се вели во соопштението.