Перутнина Птуј ја презема украински холдинг

263

Фото: Facebook

Словенечката агенција за заштита на конкуренција на украинскиот холдинг МНР му даде согласност за преземање на Перутнина Птуј, пишува СТА.

Со оваа одлука веќе нема пречки за финализирање на продажбата на 91% од уделот на компанијата Перутнина Птуј преку договорот потпишан во ноември минатата година.

Украинските инвеститори најавуваатдека во следните четири до пет години ќе вложат околу 200 милиони евра во производната база на компанијата, со што сакаат да го зајакнат бизнис моделот на компанијата и да инвестираат во развој на бренд, технологија и зголемување на продажбата во Словенија и во регионот.