Пеш под земја: Подземни брзи подвижни ленти наместо метро

29

podzemna lenta

Глобалното архитектонско биро NBBJ дизајнираше нов предлог за целосна замена на метрото во Лондон со подвижни патеки. Архитектите сметаат дека ова ќе им овозможи на корисниците побрзо да стигнат до посакуваната дестинација на овој начин, одошто со воз.

Според дизајнот на NBBJ, подвижните ленти се во бои, во зависност од брзината на движење што ја нудат. Првата патека во жолта боја на патниците ќе им овозможи брзина од минимум 4,8 до 14,5 километри на час. На портокаловата подвижна лента ќе се развие брзина од максимални 19 километри на час. Штом патниците застанат на црвената патека, максималната брзина што ќе ја достигнат е 24 километри на час.

Од NBBJ сметаат дека освен тоа што патниците ќе се движат побрзо, ќе може да уживаат во патувањето, а поради одењето пеш ќе се погрижат за своето здравје.