Песочен часовник од 12.000 долари

86

pesok

Фото: Hodinkee

Дизајнерот на Apple, Марк Њусон го претстави својот уникатен песочен часовник што чини 12.000 долари, а може да се купи само од ексклузивниот магазин посветен за часовници Hodinkee.

Часовникот е рачно изработен, а наместо песок за мерење на времето користи метални топчиња. Песочниот часовник е исполнет со 1.249.996 метални топчиња, коишто се направени од цврст не’рѓосувачки челик обложени со бакар и имаат дијаметар од 0,66 милиметри. Часовникот мери време од 10 минути, а направени се само 100 часовници, пишува The Verge.

Стаклениот часовник има висина од 15 сантиметри и тежи 1,1 килограми.