Пет бизнис совети кои ги сподели еден од најбогатите бизнисмени на Балканот

813

Претседателот на Управниот одбор на Делта Холдинг, Мирослав Мишковиќ изјави дека најголема вредност на таа компанија се луѓето и дека благодарение на изградбата на системот тој како сопственик воопшто не се занимава со оперативни работи.

Кои се најголемите вредности на компанијата што ја основа, колку е важно вложувањето во кадар, како се носат деловните одлуки и колку е важно постојано да се докажувате – на овие прашања одговори Мирослав Мишковиќ, претседател на Управниот одбор на Делта Холдинг.

Нашата најголема вредност се луѓето

На прашањето што би издвоил како најголема вредност на Делта Холдинг, Мирослав Мишковиќ недвосмислено одговори: „Луѓе. Имаме кадри кои се далеку над останатите; луѓето се нашата сила. Делта се разликува од другите во исклучителни кадри. Системот на Делта функционира на тој начин што јас воопшто не се занимавам со оперативни работи. Системот го прави тоа и не е лесно да се направи. Пред 15 години сфатив дека треба да го направам тоа и денес закажувам состаноци кога моите соработници можат. Јас не сум зафатен, тие се. За да се вклучите во развојот, треба да имате време да размислувате. А реализацијата на сето тоа го прават вработените“.

Знаењето нема цена

Според Мишковиќ, младите многу брзо сфаќаат колку е важна прецизноста во бизнисот и напоменува колку од нив може да се научи. „Учам и од младите, немаше да бидам ова што сум денес да не се променам себеси. Секогаш се докажувате, и пред семејството, и пред родителите и вработените“, посочува тој и додава дека особено ги советува младите дека мора да го најдат тоа што го сакаат затоа што само ако го работат тоа што го сакаат , тие ќе бидат вредни.

„Кога ќе разберат што им се допаѓа, најдобро е да стекнат знаење, по можност на Запад, бидејќи знаењето нема цена. Исто така, важно е да се оди на настани, да се слуша што зборуваат другите, а не само да се биде во канцеларија. Учењето започнува на првиот работен ден. Основата на секое учење е знаењето“, вели Мишковиќ и додава дека мора да се инвестира во бизнисот. Не е страшно некој да не знае, но мора да најде луѓе кои ќе знаат. Затоа им сугерира на бизнисмените да платат човек кој најдобро знае и да обучат кадар.

Кога една компанија е на врвот на својата моќ, тогаш се продава

Најважниот момент во секоја кариера е нејзиниот врв, кога се појавува можност за нешто ново. Кога компанијата е на врвот на својата моќ, таа продава. На човекот му е многу убаво кога  е на врвот, но не смее да заспие, тогаш се појавуваат можности. Брзината, логиката и ефикасноста се важни во бизнисот. Работата се работи со емоции, но при донесување одлуки тие мора да бидат исклучени. Во никој случај не е лесно. Интуицијата е важна, но и расудувањето. И двете се стекнуваат со вежбање.

Жените треба да се борат

Во седумчлениот извршен одбор на Делта Холдинг има четири жени. „Жените, навистина мислам дека се попаметни од мажите, и се подобри студенти, постабилни се. Треба само да го искористат тоа“, изјави Мишковиќ. „Финансиската независност на жената е најважна. Жената мора да има услови за да може да работи. Жените мора да се борат, не смеат да се откажат бидејќи треба повеќе да бидат во општеството. Кога жените би владееле со светот, сè би било сосема поинаку“.

Ако не сте први, одберете нешто друго

На прашањето кои индустрии ги гледа како најперспективни и каде би инвестирал сега, Мирослав Мишковиќ го посочува земјоделството. „Но, ако не сте први, изберете нешто друго. Во сè што правите, треба да бидете најдобри. Ако го сакате, мора да се посветите на тоа. Не можете просечно да работите, а да имате натпросечен успех и натпросечна заработка. Има се помалку вистински професионалци и затоа мора да бидат добро платени. Платите се секогаш најважна работа“.