Пет членки на ЕУ бараат продолжување на забраната за увоз на украински земјоделски производи

84

Пет членки на Европската унија од Централна Европа  ќе побараат од Брисел продолжување на забраната за увоз на украинско жито по 15 септември за да се избегнат проблеми на пазарот, најави министерот за земјоделство на Унгарија Иштван Наѓ.

Тој изјави дека пет земји ќе побараат забраната за четири украински производи да остане и по истекот на рокот: брашно, пченка, маслодајна репка и семки од сончоглед, но тие да можат да се извезуваат транзитно низ тие земји, пренесува Бета, повикувајќи се на Ројтерс.

Унгарскиот министер изјави дека Полска, Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка исто така ќе ја разгледаат можноста поединечно да побараат од ЕУ да забрани одредени производи.

Наѓ рече дека иако жетвата сè уште не е започната во Унгарија, во магацините сè уште ги има тие украински производи.