Пет факти за човечкото однесување што не сте ги знаеле

24

skali

Фото: Pixabay

Човечката психологија е многу сложена работа и разбирањето барем на нејзините основи многу е корисно во секојдневниот живот, без разлика дали станува збор за деловното или приватното опкружување.

Овие пет интересни факти можеби ќе ви помогнат подобро да се разберете себе си и другите во околината.

Луѓето не се родени за мултитаскинг

Вообичаено мислење е дека луѓето можат ефикасно и соодветно да извршуваат повеќе задачи одеднаш, но неврологијата во повеќе наврати го негираше тоа. Со други зборови, луѓето можат истовремено да се посветат само на една когнитивна задача. Имајте го ова на ум, пособено додека сте на работното место.

Емоциите и емпатијата се “вградени“

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето се идентификуваат и се соживуваат со другите? Во човечкиот мозок всушност има област која се нарекува предмоторен кортекс, кој е одговорен за планирање на движењето на телото. Истите неврони кои се наоѓаат таму реагираат и кога ќе ги набљудуваме другите луѓе како прават нешто. Во исто време го контролираат чувството на емпатија во мозокот што се активираат кога ќе се идентификуваат со другите луѓе и нивните постапки.

Причините за однесувањето на другите луѓе погрешно ги препишуваме на нивниот карактер, наместо на околностите

Замислете ваква ситуација: еден човек паѓа по скалите, а покрај него поминува друго лице без да му понуди помош и си продолжува по својот пат. Најверојатно ќе се заклучи дека тоа е себична и непристојна личност. Меѓутоа, што ако овој човек навистина се брзал некаде и бил под огромен притисок да стигне навреме? Најверојатно тоа нема да ви паден на памет, бидејќи луѓето имаат тенденција да грешат. Тоа накратко значи дека во сопствените заклучоци честопати не ги земате во предвид можните околности на една ситуација, освен кога станува збор за вас.

Поголеми очекувања даваат подобри резултати

Ако од некоја личност многу се очекува, таа ќе работи подобро – краток опис на т.н. Пигмалионов ефект. Наведеното е потврдено и со истражувањата во коишто студентите од кои наставниците очекувале повеќе имале подобри резултати и обратно.

Илузијата за напредок ги мотивира луѓето

Истражувањата исто така покажаа дека луѓето имаат тенденција да ги забрзаат нивните активности како што се приближуваат до дадената цел. Со други зборови, луѓето ќе работат побрзо и помотивирано кога им се чини дека се блиску до крајот на задачата.