Германиот телекомуникациски провајдер Deutsche Telekom воведе 5G мобилна мрежа во пет германски градови – Берлин, Минхен, Келн Бон и Дармштат.
Компанијата плати 2,2 милијарди евра за оваа технологија на неодамнешна аукција, а регулаторите го одобрија пристапот, пишува Reuters.
За почеток, 5G услуги ќе нудат само овие пет градови со опсег од еден гигабит во секунда што е доволно брзо да се преземе филм на смартфон за неколку секунди.
Следни на листата се Хамбург и Лајпциг, каде што се очекува да биде воведена 5G технологија до крајот на годината, а до 2020 ќе бидат покриени 20 германски градови.
Ривалот Vodafone, исто така, најави воведување на 5G во Германија и планира да му конкурира на Deutsche Telekom со цената.
Фото: Facebook