Пет кинески компании се закана за САД

50

Американската федерална комисија за комуникации прогласи пет кинески компании се закана за националната безбедност кон законот од 2019 година којшто има за цел заштита на американските комуникациски мрежи.

Комисијата објави дека тоа се: Huawei Technologies, ZTE Corp. Hytera Communications Corp, Hangzhou Hikvision Digital Technology и Dahua Technology.

Законот од 2019 година предвидува комисијата да ги идентификува компаниите што произведуваат телекомуникациска опрема и услуги “за коишто е утврдено дека претставуваат неприфатлив ризик за американската национална безбедност“.

Уште во август 2020 година, американската влада донесе прописи со коишто им се забранува на сојузните агенции да купуваат производи и услуги од било која од петте кинески компании, а од 2019 година се ставени на американската економска “црна листа“.

Минатата година комисијата ги прогласи Huawei и ZTE како закана за националната безбедност на комуникациските мрежи.

Фото: Freepik