Пет милијарди долари нето добивка на Pfizer за три месеци

50

Деловните резултати на американската фармацевтска компанија, Pfizer за првиот квартал од оваа година ги надмина очекувањата на аналитичарите, а компанијата ги зголеми финансиските проекции за тековната година.

Американскиот производител на лекови и неговиот германски партнер во производство на вакцината против коронавирусот, BioNTech, информираат дека во првите три месеци имаат продадено вакцини во износ од 3,46 милијарди долари, па се предвидува дека годинава продажбата ќе достигне околу 26 милијарди долари, а не околу 15 милијарди долари, колку што прогнозираа претходно.

Двете компании очекуваат наскоро да добијат одобрение во САД и ЕУ за давање на вакцини на деца од 12 до 15 години, исто така продолжуваат со тестирање на вакцините за други категории на пациенти, а работат и на нова верзија на вакцини што имаат подолг рок на траење и што не бара ултра студено складирање.

Pfizer соопшти дека нето добивката во првите три месеци изнесуваше 4,88 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди долари одошто во истиот период лани, кога глобалната пандемија почна да воведува рестриктивни мерки.

Од Pfizer наведуваат дека и без продажба на вакцините, компанијата е на пат да ја оствари сопствената цел за зголемување на приходите од најмалку 6% секоја година до 2025 година.

Фото: Freepik