Пет NFT токени кои ветуваат во 2022 година

150

Продажбата на незаменливи токени (NFT) порасна во 2021 година, достигнувајќи го највисокото ниво во историјата во септември. Вредноста на продажбата минатата година изнесуваше 15,57 милијарди долари, а веќе на 2 и 3 јануари годинава изнесуваше над 100 милиони долари, покажуваат податоците на веб-страницата NonFungible.com.

NFT се токени базирани на блокчејн технологија и претставуваат дигитални или физички средства. Тие можат да се користат за да се потврди автентичноста на уметничките дела, да се создадат ограничени изданија на колекционерски предмети или да се претстават ликови во универзумите на игрите.

Најпопуларните NFT во 2021 година беа спортските колекционерски предмети NBA Top Shots, колекциите за дигитална уметност како Bored Ape Yacht Club и CryptoPunks, и метаверзум игри како Axie Infinity и Sandbox, пишува Capital.com.

Цените за овие токени може да се движат од неколку долари до неколку милиони долари за најскапите NFT. Најскапата NFT колекција досега е Merge од уметникот Pak, која продаде повеќе од 300.000 примероци за 48 часа во декември за вкупно 91,8 милиони долари.

Поединечен NFT со најголема вредност е Everydais: The First 5000 Days од уметник по име Beeple. Ова е првиот NFT продаден од Christie’s, кој промени сопственик во март за 69,3 милиони долари.

Како и многу криптовалути, NFT токените беа погодени за време на неодамнешниот пад (flash crash), но најмалку четири се вратија во игра досега.

Врз основа на вкупната пазарна капитализација на 4 јануари 2022 година, петте најголеми NFT токени се MANA од метаверзумот Decentraland, Axie создаден од Infinity AXS, Sandbox SAND, THETA во сопственост на Theta Network и Tezos токен KSTZ.

Токенот МАNА порасна за 4.000 отсто од почетокот на 2021 година, а во последната недела забележа силно закрепнување од 19 отсто, па сега е на водечка позиција со продажба од повеќе од 1,3 милијарди долари во однос на SAND.

Цената на токенот Axe Infinty во ноември минатата година достигна 165,37 долари, но падна од почетокот на 2022 година.

Токенот SAND минатата година беше продаден по највисока цена од 8,4 долари, а во последните седум дена вредноста на овој NFT се зголеми за 22 отсто. ТЕТА токенот минатата година се продаваше по цена од 4,71 долар, а оваа недела порасна за седум отсто.
Tezos NFT минатата година оствари раст од 115 отсто, а годинава забележа раст од 27 отсто.