Пет правила за добар маркетинг на социјални медиуми

111

social-media-1795578_960_720

Фото: Pixabay

Ако сакате подобро да им служите на вашите клиенти, вашиот бренд и секако на вашата крајна цел, применете ги овие правила за подобар маркетинг на социјалните медиуми.

Слушање

Успехот на социјалните медиуми и контент маркетингот подразбира повеќе слушање и помалку зборување. Читајте што објавува вашата целна публика на интернет и придружете се во дискусиите за да научите што сакаат. Само така ќе може да креирате вистинска содржина којашто ќе поттикне конверзација и ќе даде вредност во нивните животи.

Фокус

Подобро е да бидете одлични во едно поле, отколку просечни во повеќе работи. Строго фокусиран контент маркетинг на социјалните медиуми, наменет да изгради силен бренд, има поголеми шанси за успех отколку стратегија чија цел е да биде сè за сите.

Квалитет

Квалитетот секогаш е поважен од квантитетот. Многу е подобро да имате 1.000 онлајн следбеници кои навистина ја читаат, споделуваат и дискутираат вашата содржина со своите контакти, отколку да имате завидна бројка од 10.000 кои никаде ги нема откако ќе се поврзат со вас.

Вредност

Ако целото свое време го поминувате на интернет, директно промовирајќи го вашиот производ/услуга, луѓето ќе престанат да ве слушаат. Мора да додадете вредност на целата приказна. Ви треба помалку конверзација и повеќе фокус на креирање интересна содржина и развивање на поквалитетни односи со влијателните онлајн корисници. Со тек на време, овие луѓе ќе станат клучни играчи во ширењето на директниот маркетинг за вашиот бизнис.

Достапност

Во ниеден случај не “исчезнувајте” откако ќе ја објавите содржината. Бидете достапни за вашата публика. Тоа подразбира постојано објавување на содржина и учество во разговори. Онлајн следбениците нема да се двоумат да ве заменат ако ве нема подолго време.

Извор: Entrepreneur