Пет предности од работење во coworking простор

118

coworking

Фото: Pixabay

Coworking претставува работење во посебно уреден работен простор што го делат повеќе независни поединци или тимови, за што плаќаат одреден надомест. Ваквиот простор, пред сè, го користат фриленсери, претприемачи, здруженија на граѓани, стартапи, деловни луѓе кои често патуваат, помали фирми или тимови.

Coworking просторите, освен канцеларија, нудат и сали за состаноци и презентации. Причини поради кои луѓето се определуваат за работење во вакви простори се: намалување на фиксни трошоци, раздвојување на работата од домот, запознавање и вмрежување со нови личности од иста или слична бранша, подобрување на социјалниот живот, зголемување на продуктивноста …

Како независни поединци или тимови многумина на овој начин му пркосат на стандардното работно време (од 08 до 16 часот), бидејќи добиваат coworking простор што е отворен подолго (некои работат и 24 часа), а со тоа корисниците на просторот стануваат флексибилни.

Предности од користење на coworking:

  • Проширување на вашите лични и деловни мрежи со забава и леснотија
  • Попродуктивно работење
  • Намалување на чувството на изолација како фриленсер или сопственик на мал бизнис
  • Намалување на трошоците
  • Собирање на нови идеи од други индустрии