Пет работи што не смеете да му ги кажете на шефот

22

sef-pixabay

Фото: Pixabay

Колку и да стоите добро со шефот, дури и во поопуштени моменти, како на пример компаниски забави или неформални состаноци, морате да внимавате што зборувате пред него. Можете да си ја нарушите репутацијата и да ги намалите шансите за унапредување. Еве што препорачуваат експертите, што не смеете да кажете пред претпоставениот:

Тоа е невозможно да се направи

Кога шефот ќе ви даде задача, никогаш не велете дека е невозможно да се изврши. Никако не смеете да се откажувате без да се обидете. Во идеални услови сигурно ќе најдете начин да ги исполните очекувањата на претпоставениот, но доколку нешто навистина не можете да сработите, побарајте повеќе време и насоки како тоа да го сработите.

Тоа не е моја работа

Шефот ги знае вашите способности и одговорности, затоа ако ви даде некаква задача, сигурно има причина зошто го прави тоа. Можеби другите колеги се зафатени, а можеби мисли дека вие најдобро ќе ја завршите задачата. Ако веќе претходно имате други недовршени работи, не ја одбивајте новата задача, туку прашајте по кој приоритет да ги завршите.

Не сум тимски играч

Ниту еден шеф не сака да го слушне ова, особено затоа што работите најбрзо се завршуваат со тимска работа. Тимската работа е клуч за успешен бизнис, а оние што не му припаѓаат на тимот, само го успоруваат напредокот на фирмата.

Не сум доволно платен/а за тоа

Ваквата изјава ве прави да личите на откажувач, со што сигурно нема да го импресионирате шефот и сигурно нема да станете кандидат за унапредување или покачување на платата. Ако мислите дека не сте доволно платени, закажете состанок со надредениот и разговарајте.

Вистинската причина зошто сте ја напуштиле претходната работа

Работата можете да ја смените поради многу причини – промена во кариерата, незадоволство, мала плата, премногу притисок или пак премал предизвик. Но она што никако не смеете да му го кажете на шефот е дека сте ја смениле работата затоа што барате нешто полесно, посмирено и помалку предизвикувачки.