Пет работи што треба да ги практикувате ако работите од дома

14

doma

Фото: Pixabay

Работењето од дома може да биде предизвик. Најголем проблем е тоа што оние кои не се во канцеларија може да се чувствуваат исклучени од организацијата.

Еден од главните ризици на оние кои работат од дома е тоа што имаат “потежок“ пристап до информации, односно добиваат побавни инструкции за нивната работа и се чувствуваат исклучено. Менаџерите, исто така, се сомневаат дека вработените кои работат од дома се исто толку ефикасни како оние во канцеларијата.

Но, постојат добри тактики со коишто може да се надминат овие “дупки“, пишува Inc.

Средете се

Само затоа што работите од дома не значи дека треба да престанете да туширате, убаво облекувате и да ги средувате косата и ноктите. Задржете ја рутината, вашиот ден дома нека биде ист како да сте биле во канцеларија.

Канцелариски ритуали

Психолошки, ова ќе ви помогне да го премостите растојанието и да ве натера да се чувствувате посреќни. Вие не мора да престанете да праќате имејл или текстови само затоа што не седите во канцеларијата.

Користете блог на компанијата или сајт

Користете блогови на компании за комуникација со колегите. Повеќето компании имаат своја сопствена страница или блог, на социјални мрежи или на страницата, што може да се користат за интеракција со колегите.

Направете листа

За да ја задржите продуктивноста направете листа на обврски и задачи што секојдневно треба да ги извршувате.

Разговор преку видео

Не е доволно да разговарате со колегите по телефон, вклучете ја камерата и направете видео повик.