Пет работи што треба да ги знаете пред да донесете важна одлука

30

odluka-pixabay

Фото: Pixabay

Да се донесе важна бизнис одлука врз основа на еден податок или од перспективата на едно лице е рецепт за катастрофа. Некогаш ќе слушнете нешто што ќе ви го каже клиентот, ќе избрзате со заклучокот, ќе донесете одлука базирана на лимитирана информација и ќе погрешите.

За да избегнете донесување лоши одлуки, пропуштени можности, па дури и пропаѓање на бизнисот, имајте го следново на ум:

Секој гледа на работите преку сопствена призма

Сите знаеме дека човековата перцепција е релативна, но поради некоја причина, под одредени услови, сакаме да веруваме дека тоа не е точно. Но, точно е. Секогаш, без исклучоци.

Верувајте во она што го гледате

Не верувајте во тоа што го слушате. Верувајте само во она што ќе го видите.

Барајте информации од прва рака

Честопати добиваме информации од извори што се многу далеку од првичниот извор. Ова е особено важно во ерата на Facebook и Twitter – ако е нешто важно, барајте го и проверете го оригиналниот извор.

Има најмалку две страни во секоја приказна

За секоја бизнис трансакција има две страни. Не донесувајте важни одлуки базирани само на мислењето на едната страна од деловната релација.

Ако сакате да ја дознаете вистината, сретнете се очи во очи

Ако размислувате да склучите некаков деловен договор со клиент или размислувате за некаква нова можност, сретнете се со главните играчи очи во очи, поединечно. Само така ќе имате претстава што всушност се случува. Кога разговарате со некого очи во очи, во доверба, ќе слушнете работи што не би ви ги кажале во присуство на колегите или пред друго лице.