Пет совети како да го зголемите моралот на вработените

86

motivacija

Фото: Pixabay

Во денешниот свет работата ги смени правилата на игра и начинот на којшто гледаме на работното место, но едно останува исто – среќните вработени се продуктивни работници.

Никој нема корист од ситуацијата во која вработените се во потрага на забавни и спортски сајтови, социјални мрежи или на барање на работа со скратено работно време.

Како тогаш во светот на работа во којшто секој бара нови бизнис вештини и знаења, да се трансформира работното место во средина која изобилува со ентузијазам? Еве пет совети:

Вработените мора да бидат свесни за своите вредности

Самодовербата е клучен услов за подигање на моралот на вработените. Тие мора да бидат свесни дека менаџерите и другите претпоставени ги ценат и треба да имаат информации како всушност придонесуваат за компанијата во којашто работат. Ако се чувствуваат како заменливи производи, тоа ќе се одрази на нивните меѓусебни односи и на односот со клиентите. Најуспешните менаџери знаат дека успешниот тим на вработени се најважниот линк на патот кон успехот.

Парите не се најважни, но не би требало да ги игнорирате

Признание за добро завршената работа е важно прашање, но знаете што е дури и подобро од тоа? Парично зголемување или повеќе дена одмор. Дури и минималните бонуси позитивно може да влијаат на моралот. На овој начин, на вработените им покажувате благодарност за напорите вложени во својата работа.

Ја цените искреноста

Иако не секогаш може да ви се допаѓаат одговорите, но треба да ги поттикнете вработените искрено да ја оценуваат не само вашата работа, туку и задачите што им се доделени. Вработените треба да знаат дека нивните забелешки значат нешто, тоа ќе придонесе да се чувствуваат како полноправен дел од компанијата во која работат и тоа ќе има позитивно влијание врз нивниот морал и односот кон работното место. Покрај тоа, информациите што ќе ги добиете ви се навистина вредни.

Бидете реални

Немојте да ги оптоварувате вработените со премногу задачи истовремено. Луѓето функционираат така што нивниот работен елан, ентузијазам и концентрација им опаѓа кога се заморени или се развлечени на премногу задачи. Обезбедете им паузи, како и заслужен годишен одмор.

Покрај тоа, поставете јасни цели и приоритети. Ако се откажат, дајте им насоки како да излезат од таквата ситуација.

Забавувајте се

Нема ништо лошо ако луѓето се забавуваат на работното место, додека границите се јасно дефинирани. На месечна основа, направете симболични награди за најдобрите. Одете заедно на кино или на сличен собир и организирајте им патувања.