Пет совети како да се снајдете во улогата на шеф

97

shef

Фото: Pexels

Сите не се снаоѓаат во улогата на личност што донесува одлуки и раководи со луѓето во компанијата. Некои луѓе повеќе сакаат да функционираат во позадина и да не се издвојуваат. На некои повеќе им се допаѓа да ги убедуваат луѓето отколку да им наредуваат, а има и такви што претпочитаат да раководат со вработените преку личен пример.

Ако се пронајдовте во некој од наведените описи, тогаш прочитајте пет совети што ќе ви помогнат да се снајдете во неблагодарната улога на шеф.

Не се преправајте дека не сте шеф

Да се однесувате и понатаму како да сте еден од вработените нема смисла. Тоа е исто како кога родителот се обидува да биде пријател со своите деца, наместо да претставува авторитет. Таквото однесување може да предизвика само штета.

Не ги избегнувајте конфликтите

Можеби е стресно и непријатно, ама ако не ги решите конфликтите веднаш, тогаш ќе ви се вратат во поголем облик. Затоа, ако на вработените не сакате да им кажете некои работи само затоа што ви се чини дека нема да сакаат да ги слушнат, тогаш сето тоа ќе резултира со нефункционална организација и незадоволни вработени.

Не дозволувајте барањето на консензус да ви пречи во донесувањето одлуки

Секогаш е добро да го знаете мислењето на колегите, меѓутоа кога ставовите се различни, тогаш или ќе дојде до конфликт или ќе треба да изберете. Најубаво е да ги сослушате сите мислења и ставови, па потоа да донесете одлука. На тој начин ќе се здобиете со доверба и почит од колегите.

Поставете агенда

Вашата работа како шеф е да ги поставите параметрите на дискусијата и да одредите кои проблеми треба да се решат. Ваша работа е да поставите на дневен ред донесување одлуки во соодветен контекст. Колегите се лица со поединечни мислења, но вие сте таму за да укажете на важноста на некои одлуки.

Не двоумете се да побарате помош

Фактот дека сте шеф не значи дека треба да ги имате сите одговори. Ако треба да донесе некоја тешка одлука и не сте сигурни што да правите, сосема прифатливо е да го признаете тоа и да побарајте помош.